Ако во јануари оваа година највисоки плати земале работниците во воздухопловството, во октомври првото место им припаѓа на финансиерите. Вработените во финансискиот сектор, според податоците од Министерството за труд и социјална политика, во октомври земале плати во просек од 35.368 денари. Ова претставува зголемување на платите во овој сектор од 6.000 денари во однос на јануари годинава кога просечната плата во финансиското посредувањее изнесувала 29.245 денари. Работниците во воздухопловството во просек земаат околу 500 евра, поточно, нивната просечна плата во октомври изнесувала 34.805 денари. Но, оваа сума е далеку помала од онаа во јануари оваа година кога просечната плата во воздушниот сообраќај, според податоците од Министерството за труд и социјална политика, изнесувала 51.137 денари. Тоа значи дека од јануари до октомври годинава платите на вработените во воздухопловниот сектор се намалиле за 16.332 денари (за 265 евра).
Ако во јануари оваа година највисоки плати земале работниците во воздухопловството, во октомври првото место им припаѓа на финансиерите.
Вработените во финансискиот сектор, според податоците од Министерството за труд и социјална политика, во октомври земале плати во просек од 35.368 денари. Ова претставува зголемување на платите во овој сектор од 6.000 денари во однос на јануари годинава кога просечната плата во финансиското посредувањее изнесувала 29.245 денари.
Работниците во воздухопловството во просек земаат околу 500 евра, поточно, нивната просечна плата во октомври изнесувала 34.805 денари. Но, оваа сума е далеку помала од онаа во јануари оваа година кога просечната плата во воздушниот сообраќај, според податоците од Министерството за труд и социјална политика, изнесувала 51.137 денари. Тоа значи дека од јануари до октомври годинава платите на вработените во воздухопловниот сектор се намалиле за 16.332 денари (за 265 евра).
За разлика од овие два сектора, во Македонија најмалку платени се уште се текстилните работници. И во јануари и во октомври оваа година нивната плата не достигнува ни 7.000 денари, поточно текстилците приживуваат во месецот со 6.692 денара. Најблиску до текстилците се работниците во земјоделството, ловот, рибиловот и оние кои произведуваат гуми и пластични маси. Нивните плати се движат во просек околу 9.000 денари, како во јануари, така и во октомври оваа година.
Во рударскиот сектор исто така нема драстични промени. Во текот на оваа година во овој сектор работниците земаат просечна плата во износ од околу 16 илјади денари. Среќата им се насмеала само на рударите во секторот вадење камен, јаглен и лигнит и вадење тресет. Кај нив има зголемување на платите за 7.500 денари. Во јануари просечна плата во овој сектор била 10.680 денри за во октомври да се искачи на 18.141 денар.
Во угостителството нема промени во платите. Работниците во хотелите и рестораните имаат просечна плата од 11.000 денари, како во јануари, така и во октомври. Иста е ситуацијата и во здравството и во образованието. Без драстични промени тие ги задоволуваат своите месечни трошоци и потреби со 15 илјади денари.